Електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Дали сте првпат овде?
Почитувани !
За целосен пристап кон системот потребно е да креирате Ваша корисничка сметка на нашиот веб сајт.
Ова се потребните чекори:
- Пополнете го формуларот Нова сметка со Вашите податоци. Податоците за вашето име, презиме и институција пожелно е да бидат на кирилица, бидејќи истите ќе бидат прикажани на сертификатот онака како што ќе бидат внесени. За e‑mail адреса пожелно е да користите официјална адреса од вашата институција. Доколку внесете ваша приватна e‑mail адреса можеби ќе треба да одговорите на дополнителни прашања;
- Потоа ќе треба да почекате вашата корисничка сметка да биде активирана од страна на администраторот на системот. Ако користите официјална e‑mail адреса од вашата институција, вашата корисничка сметка би требало да биде активирана во рок од 48 часа за време на работна недела и 72 часа за време на викенд;
- Потоа ќе добиете порака на Вашиот e-mail;
- Прочитајте ја пораката и кликнете на линкот кој се наоѓа во пораката;
- Најавете се на Електронскиот систем за обука со вашите кориснички податоци;
- Најпрвин потребно е да го поминете делот Е-ТУТОРИАЛ за класифицирани информации;
- Откако целосно ќе го завршите Е-туториалот, дури тогаш може да започнете со решавање на тестот за Законот за класифицирани информации.